ЗА ПЕРИОШОП

Здраво,

Ние сме ПЕРИОШОП – прва специјализирана продавница за производи за орална хигиена и козметика за заби.

Спонзорирана и направена од вљубеници на стоматолошката професија и докажани стручњаци од групацијата EDG Ви ветуваме дека секој производ што сме го одбрале лично сме го тестирале пред да се изложи во нашата продавница. Нашето долгогодишно искуство како стоматолози не научи многу во врска со тоа што се е потребно за да се зачуваат здрави природните заби и гингива.

Дозволете да Ви помогнеме да го одберете најдобриот производ за Вас, а особено ќе ни биде мило и лично да Ве советуваме!

Тимот на EDG – Perioshop