ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Верзија бр. 01 од 2021 година
Надлежен орган: Управител на ЕНДОМАК ДЕНТАЛ ГРУП – ЕДГ ДООЕЛ

Вовед
Правото на приватност и заштита на личните податоци на корисниците претставува темелна вредност на компанијата. Одредбите од Законот за заштита на личните податоци се соодветно применуваат при употреба на веб-страницата од страна на корисниците.

Извршно резиме
Компанијата ги имплементира сите стандарди и процедури за обработка и заштита на личните податоци на корисниците согласно Законот за заштита на лични податоци и останатите применливи правни прописи. Во политиката за приватност е опишан начинот на кој се врши обработка на личните податоци на корисниците, при нивната посета или регистрација на нашата веб страница.

Собирање и обработка на лични податоци
Заради системска заштита, при посета на веб страницата, нашиот web сервер привремено го регистрира Вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата односно посетата на веб страницата. Во одредени случаи се запишуваат информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер, со цел да се приспособи посетата на веб страницата според Вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот/корисникот од страна на web серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на web услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Вашите лични податоци се обработуваат само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на веб страницата заради користење на понудени производи и услуги (на пр. плаќање преку веб страницата, електронски нарачки, анкети, наградни игри) согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија. Напоменуваме дека при електронската наплата, податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска. ЕНДОМАК ДЕНТАЛ ГРУП – ЕДГ ДООЕЛ ниту ги собира, ниту има пристап до овие податоци.

Цел заради која се собираат личните податоци
Личните податоци и информации се собираат и обработуваат со цел овозможување на online услуги на ЕНДОМАК ДЕНТАЛ ГРУП – ЕДГ ДООЕЛ и истите нема да се обработуваат за друга цел, освен за наведената. За секоја дополнителна обработка или собирање е потребна согласност од корисниците/посетителите.

Располагање со лични податоци
Вработените во компанијата, управителот и останати лица кои имаат овластен пристап до собраните лични податоци се квалификувани да обезбедат тајност и заштита на податоците при нивна обработка. Личните податоци нема да се пренесуваат на други физички или правни лица, органи на државната власт, освен во случаи утврдени со закон.

Права на корисниците
Доколку сте регистрирани на веб – страницата, врз основа на Ваше барање имате право:

  • да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци и/или
  • да пристапите до Вашите лични податоци и
  • да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.

Правна сигурност и заштита
Компанијата ги има имплементирано потребните технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработка на личните податоци со кои располага заради спречување на неовластен пристап, откривање без дозвола или било каква нивна злоупотреба.

Начин и место на чување на лични податоци – електронски.

Промени на политиката за приватност
Компанијата го задржува правото на измени и дополнувања на Политиката за приватност во секое време, а за секои измени и дополнувања корисниците и посетителите ќе бидат навремено информирани преку објава на веб страницата.

Валидност на политиката за приватност
Оваа политика на приватност стапува на сила на денот на нејзиното објавување на веб страницата.

Датум 05.01.2021 година
ЕНДОМАК ДЕНТАЛ ГРУП – ЕДГ ДООЕЛ